Радио Милева
генетика-естетика...

Кога Лина Пејовска „ќе ти пушти јазик“, не знаеш дали е таа или сестра и, ама затоа се знае од кого ја наследиле убавината (ФОТО)

Кога Лина Пејовска „ќе ти пушти јазик“, не знаеш дали е таа или сестра и, ама затоа се знае од кого ја наследиле убавината (ФОТО)

Млада, убава, згодна, талентирана… Една од оние нови надежи на македонската естрада кои допрва доаѓаат, а веќе почнаа да го „тресат“ и регионот со своите настапи на регионалните музички талент шоуа. Од „Пинковите ѕвездички“ преку „Ѕвезди – летен хит“, дуетите со Петар Грашо и Нина Бадриќ, отпеаните кавери и сопствените песни, на „Макфест“ и надвор од фестивалите, Лина Пејовска покажа дека има и глас и стас и харизма, далеку да дотурка, дури до најголемите естрадни височини.

Се уште тинејџерка, Лина и понатаму се развива… и физички и духовно и гласовно. Фотографиите од плажа што летоска ги сподели на своите профили на социјалните мрежи, а и оние најновите покажуваат дека русокосата прераснува во вистинска расна убавица.

На една од најновите  фотографии кои деновиве осамнаа на нејзиниот Инстаграм профил Лина како фотокопирана и тоа во необична фото – поза: Со исплазен јазик! И таа и нејзината двојничка! А кога Лина Пејовска ќе ти пушти јазик, не знаеш дали е таа или сестра и? На фотографијата обете речиси идентични во идентична поза… Освен што едната има малку помалку шминка, ама сеедно!

Лина и сестра и Христина дефинитивно не се близначки, ама толку многу личат, како да се! И на заедничката фотографија и на нивните фотографии одделно!

„Како да се ‘правени’ на фотокопир, само не во ист ден“ – шеговито искоментираа некои посочувајќи ја неверојатната идентичност, но и убавина на двете млади девојки!

Особено Лина, која повеќе не е она слатко девојченце со преубав глас и малку вишок килограми, туку таа сега е прекрасна и згодна девојка која каде и да се појави привлекува внимание со својот изглед.

Но ништо помалку и сестра и која покрај популарноста на Лина ја промовира исто така својата убавина, секако без тенденции „да и го украде шоуто“ на попознатата сестричка.

Но убавината не паѓа од небо, туку има свој корен, свој ген кој и тоа како се пресликал кај двете русокоси убавици од нивната мајка! Совршениот сестрински пар едноставно се слика и прилика на нивната мајка Тереза, на која неодоливо потсетуваат и личат.

А мама, иако веќе средновечна госпоѓа, слободно може да се каже дека се’ уште може да се носи со своите наследнички, кога се убавината и атрактивноста во прашање.

Лина и Христина се секако млади, згодни и убави, ама мајка Тереза… Дефинитивно, се’ уште изгледа повеќе од атрактивно!