Радио Милева

Кога ќе се спојат спортот и љубовта резултатот се гледа кај Илина на Џамбазов (фото)

Кога ќе се спојат спортот и љубовта резултатот се гледа кај Илина на Џамбазов (фото)
фото:илина арсова/инстаграм/принтскрин

Илина Арсова успева да искачи пет од седумте највисоки врвови, на 5 различни континенти. Во 2013, по повеќемесечна подготовка, Илина станува првата жена Македонка која се искачува на Монт Еверест.

Но дури и тогаш со такви успеси, малкумина од пошироката јавност слушнале или прочитале за оваа наша позната дама. Но откако стана љубов на Игор Џамбазов, е сега сите ја знаат Илина, затоа во една прилика таа изјави:

„Да знаев дека олкава популарност се добивала со вљубување во јавна личност, ич немаше да се мачам толку години наназад да ги качувам светските врвови.“

Дека меѓу нив постои љубовен флуид е и повеќе од очигледно, а пак тоа дополнително предизвикува љубопитност кај јаноста, која се повеќе им се восхитува и радува за тоа што се заедно.

Како Игор, така и Илина се сосема транспарентни на социјалните мрежи и немаат намера да го сокриваат убавото што им се случува.

На секоја нова изгледаат се посреќни и поблиски,а во секојдневието им цветаат ружи, медиумите пак знаат да ги наречат и „доранските гилапчиња“.

 

View this post on Instagram

 

Слободни активности 😊😉

A post shared by Ilina Arsova (@ilina_arsova) on

За Илина спортот е начин на живот, а како што вели таа, освен што го зајакнува телото, го зајакнува умот и менталното здравје.

Кога ќе се спојат љубовта и спортот, тогаш на душата и е најубаво, а пак телото е како нејзина рефлексија.

 

View this post on Instagram

 

So if superwomen are for real, it’s totaly O.K. to have a crush on He-Man? 🤣

A post shared by Ilina Arsova (@ilina_arsova) on

Кај Илина тоа е евидентно. Овој пат на најновата фотографија која ја објави на Инстаграм, го покажа своето совршено зацврстено тело и оѕртаните мускули.

Кога нешто се прави со љубов, а напорот не ти се чини како мака –резултатот ивгледа вака:

фото:илина арсова/инстаграм/принтскрин

Останати вести од Радио Милева