Радио Милева

„Кога ќе ме прашат зошто немам момче…“: По раскинувањето, Милица Тодоровиќ првпат се огласи на таа тема

„Кога ќе ме прашат зошто немам момче…“: По раскинувањето, Милица Тодоровиќ првпат се огласи на таа тема
фото: Принтскрин/инстаграм

Деновиве како бомба одекна веста во медиумите дека Милица Тодоровиќ раскинала со момчето, кореографот Милош Пауновиќ со кого беше во врска.

ПР службата на Милица ги потврди овие пишувањa нагласувајќи дека причина за нивното раскинување се ненадминливите разлики за иднина.

Милица по тој повод не се огласуваше на социјалните мрежи и не откри зошто повеќе не е со своето момче.

Меѓутоа, сега на социјалните мрежи таа се пошегува на своја сметка.

Имено,  на социјалните мрежи се појави видео на кое Милица се жали на вишокот на килограмите, а името на видеото гласи: „Кога ќе ме прашат зошто немам момче?“, а во позадина на видеото оди изјавата на Тодоровиќ:

„Затоа што се здебелив, како зошто? Тоа сама го констатирав, никој не ми кажа. Имам огледало, гледам“ гласи изјавата.

фото: Принтскрин/инстаграм/милицатодоровиќ

Токму оваа шега Милица ја сподели на својот „Инстаграм“ и успеа да ги насмее своите фанови.

За потсетување, Милица и Милош беа во врска повеќе од 5 години.