Радио Милева
влажни погледи

Кога Гавазова ќе замеша во бекстејџот, на оние зад сцената им „тече низ ногавици“ уште пред пејачката да излезе на бина! (ВИДЕО)

Кога Гавазова ќе замеша во бекстејџот, на оние зад сцената им „тече низ ногавици“ уште пред пејачката да излезе на бина! (ВИДЕО)

Македонската фолкерка Сузана Гавазова е на подолг престој дома. Шведска ја замени со родната Струмица, а летната пауза со работни обврски.

Настапите се она нешто без кое естрадата не би функционирала, па пеејачите живеат за нив. Заради фидбекот од публиката и „мрсниот“ хонорар,  секако. Затоа Сузана по одморот прво им се врати ним. А настап како настап, секогаш започнува со подготвки во бекстејџот.

Некои седат и се концентрираат, други се загреваат со нешто што ќе им го „освежи грлото“, трети имаат обичај да се распеат за да ги олабават гласните жици… Кој(а) како! А таа, наместо гласот, ги олабави телото и најистурените телесни атрибути.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Suzana (@suzanagavazova) on

Па кога Гавазова ќе замеша во бекстејџот, на оние зад сцена почнува да им „тече низ ногавици“ уште пред пејачката да излезе на бина!

Колку ли допрва ќе има „влажни погледи“ кога деновиве ќе се појави најновиот видеоспот на Гавазова снимен заедно со групата „Балкан бенд“ под наслов „Камикази“, во чии сцени струмичката фолк сирена покрај вокалните, во изобилство ги покажува и своите раскошни и бујни, телесни квалитети?!

Колку за да ги заскокотка вашите мечти, фолкерката со кус видео тизер го најави излегувањето на спотот. Од она што може да се види, дефинитивно ќе има не само „влажни погледи“, туку и илјадници подзинати усти со „падната вилица“! За „ногавиците“ и да не зборуваме…

Впрочем, погледнете и уверете се самите: