Радио Милева

Кога Џеј Ло прави скара во дворот по секси долна облека, комшиите и Твитер колабираат… (ФОТО)

Кога Џеј Ло прави скара во дворот по секси долна облека, комшиите и Твитер колабираат…  (ФОТО)

Латино дивата Џенифер Лопез,  која мошне активно ја рекламира премиерата на својот нов филм  „Втор чин“ чија премиера е закажана за 21 декември, го доведе до колапс Твитер со жешката еротска фотосесија.

Имено, Џеј Ло, сликана само во секси долна облека од црна тантела,  покажува како таа умее  да пече скара во дворот. Комшиите се разбира, наредени на оградата учат скараџиски занает, ама и… собираат инспирација…. за по дома!

Таа не ја крие својата среќа во нејзиниот професионален и приватен живот, негирајќи ги сите гласини за наводната венчавка со бејзбол легендата Алекс Родригез.

Џеј Ло уверува дека не постои свадбен план, иако веренички  прстенот доби уште во текот на летото од страна на Родригез.