Радио Милева
малата славеше роденден

Ќерката на Здравко Чолиќ стана полнолетна: Вака денес изгледа Уна (ФОТО)

Ќерката на Здравко Чолиќ стана полнолетна: Вака денес изгледа Уна (ФОТО)

Ќерката на најголемиот балкански шармер и заводник, најпосакуваната регионална музичка ѕвезда Здравко Чолиќ стана полнолетна.

Уна го прославила својот 18-ти роденден во кругот на семејството и најблиските пријатели.

Ќерката на Чолиќ сподели фотографија на своите инстаграм приказни на која држи балони во рацете во форма на бројот 18, а пријателите и обожавателите на нејзиниот татко и испратија мноштво роденденски честитки.

Ова е ретка можност домашната јавност да може да завири во приватните настани на семејството на пејачот, бидејќи Здравко, покрај неговите песни е познат и по тоа што го чува својот приватен живот, особено семејството, надвор од очите на јавноста.

Да ве потсетиме дека Чола е во брак со Александра од 2001 година, и веќе 19 години тие успеаја да ја одржат својата љубов надвор од  интересот на јавноста и медиумите.

Покрај постарата Уна, Чола со својата сопруга ја имаат и помалата ќерка, Лара.