Радио Милева
непремостливи разлики

Ќерката на Сузана Манчиќ не ја дочека ниту првата годишнина од бракот: Теодора се разведува!

Ќерката на Сузана Манчиќ не ја дочека ниту првата годишнина од бракот: Теодора се разведува!

Теодора Куниќ, ќерката на  Сузана Манчиќ, се  разведува од богатиот Американец, со кој тајно се омажи во март минатата година.

Причината за несреќниот крај на брачната заедница се несовладливите разлики во карактерот меѓу нив и се’ почестите несогласувања што ги имале во последните шест месеци. Оваа одлука наследничката на Сузана  ја донела пред три месеци и веднаш ѝ ја соопштила на мајка и.
На Сузана не и било право кога слушнала за разводот на нејзината ќерка, но, таа не се спротивставила на наејзината одлука. До одреден степен, исто така, била свесена дека бракот на нејзината ќерка тешко ќе преживее, бидејќи човекот е 20 години постар од Теодора.

Ќерката на Сузана најверојатно ќе остане во Америка и нема намера да се врати во Србија, соопшти извор близок до водителката. Манчиќ пак, не сакала ништо да коментира.

“Немам време, здраво“ – им рекла таа на новинарите кога ја запрашале за раводот на Теодора.

Да се ​​потсетиме, Теодора и нејзиниот досегашен сопруг се венчаа пред десет месеци во Лас Вегас. Дури и Сузана не знаеше за нивната интимна церемонија, која беше објавена неколку дена подоцна, по што Манчиќ и ги потврди среќните вести.

„Мојата Теодора во Лас Вегас се оомажила. Никој не знаеше. Сега сум официјално баба“ – изјави тогаш  Сузана Манчиќ.

Останати вести од Радио Милева