Радио Милева

Ќерката на Раде Шербеџија итно на операција: На Луција повторно и се случи истата несреќа!

Ќерката на Раде Шербеџија итно на операција: На Луција повторно и се случи истата несреќа!
фото:раде шербеџија/инстаграм

Актерката и ќерка на Раде Шербеџија, Луција Шербеџија (46), беше оперирана во средата, а како што пренесуваат хрватските медиуми, таа го скршила колкот.

Поради подолго закрепнување на актерката, се одложи и премиерата на новата претстава „Хеда Габлер“, како и три претстави во нејзиниот матичен театар ЗКМ.

Несреќата да го скрши колкон на Луција и се случи и во 2014 година, среде лето, додека трчала на Силба каде била на одмор.

фото:луција шербеџија/инстаграм

Потсетуваме дека актерката стана позната во јавноста како едно од петте деца на славниот татко Раде Шербеџија, кој денес е во брак со Ленка Удовички, со која има три деца – Милица, Нина и Вања.

Останати вести од Радио Милева