Радио Милева

Ќерката на познатиот тапанар почина на 22 годишна возраст!

Ќерката на познатиот тапанар почина на 22 годишна возраст!

Ќерката на тапанарот на хеви метал групата „Slipknot“, Шон Крејен (49), почина на 22 годишна возраст, а музичарот тажната вест ја потврди на социјалните мрежи.

Шон, кој е тапанар на американскиот бед и познат под сценското име „Кловн“, објави дека неговата најмлада ќерка починала во саботата 18-ти мај.

-Со скршено срце и најголема болка, ве известувам дека мојата најмлада ќерка, Габријел, почина вчера, во саботата 18-ти мај 2019 година – напиша музичарот.

фото:инсатграм

-Имаше 22 години. За деталите на погребот ќе бидете благовремено известени. Семејството и јас молиме за приватност за да можеме да продолжиме понатаму. Ви благодарам – додаде во објаснувањето  на црно-белата фотографија од покојната ќерка.

Музичарот не ја открипричината за смртта на неговата ќерка.