Радио Милева
дочек на работ на солзи

Ќерката на најверниот фан на Цеца, скоропочинатата баба Вукосава ја доведе фолк дивата на работ на солзи (ФОТО)

Ќерката на најверниот фан на Цеца, скоропочинатата баба Вукосава ја доведе фолк дивата на работ на солзи (ФОТО)

Цеца Ражнатовиќ пристигна во Црна Гора да пее за нејзината публика и верните обожаватели. Штом слета на аеродромот во Тиват беше толку изненадена,  што речиси и ќе заплачеше.

Откако таа ги поздрави нејзините фанови,  една девојка која носеше букет цвеќе в рака се издвои од масата и и пријде на пејачката. Веднаш штом ја виде, Цеца беше на работ на солзи.

Тоа беше ќерката на Вукосава Николиќ, бабата која неодамна почина, а беше најзината најверна обожавателка во Црна Гора.

Пејачката беше толку погодена од веста дека баба Вукосава умрела, што од неа лично се прости преку социјалните мрежи.

Затоа не е чудно што доаѓањето на ќерката на баба Вукосава, која очигледно ја наследила љубовта кон големата ѕвезда, беше толку инспиративно и емотивно ја допре фолк дивата.