Радио Милева

Ќерката на Мет Дејмон е заразена од коронавирус

Ќерката на Мет Дејмон е заразена од коронавирус
фото: Профимедиа

Познатиот холивудски актер Мет Дејмон откри дека неговата ќерка Алексија (21) е заразена од коронавирус.

Мет од 2005 година е оженет со дизајнерката на ентериер Луцијана Барсо, а нејзината ќерка од првиот брак Алексија ја смета и за своја ќерка.

Парот има уште три ќерки.

Холивудскиот актер неодамна гостуваше во емисијата „Спин“ и откри дека неговата ќерка Алексија се заразила од корона.

фото Профимедиа

„Нашата најстара ќерка оди на факултет, но тој моментално е затворен од коронавирусот. Сепак, таа неодамна беше во Њујорк, па таа и нејзините цимери се заразија“  вели Мет.

Потсетуваме, актерот заедно со сопругата и трите ќерки се наоѓа во изолација во едно ирско село.

Останати вести од Радио Милева