Радио Милева
Поинаква од мајка си

Ќерката на Мадона веќе е возрасна девојка која обожава провокација (фото)

Ќерката на Мадона веќе е возрасна девојка која обожава провокација (фото)
фото:инсатграм принтскрин

Откако Лурдес Леон, ќерката на кралицата на попот Мадона и кубански тренер за фитнес и актер Карлос Леон, помина поголем дел од својот живот далеку од центарот на вниманието, сега реши да излезе од анонимноста колку што може.

Имено, атрактивната црвенокоса дама преку ноќ стана sвезда на модната индустрија – таа е новото заштитно лице на брендот Марк Џејкобс, билбордите со нејзиното лице се ширум Америка, таа е дел од кампањата на брендот на Стела Мекартни и конечно се приклучи на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LOLA (@lourdesleon)

Лурдес, професионална танчерка и како се претставува – „Латиноамериканец од Менхетен“, неодамна позираше за мајското издание на престижниот магазин „Vanity Fair“.

Новинарите на ова списание ја опишаа како искрена, намерно провокативна и со неверојатна смисла за хумор, а исто така направија одлично интервју со оваа 24-годишна девојка.

Но, посебно внимание привлекоа фотографиите од убавата ќерка на Мадона – на кои се гледа нејзината прекрасна, необична убавина и сексапил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LOLA (@lourdesleon)

Таа позираше во неколку провокативни изданија – портокалов фустан кој открива повеќе отколку што покрива со оглед на бројните прорези на него, и во дрзок чорап и корсет, како и во топ што ги истакнува нејзините бујни гради.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LOLA (@lourdesleon)

Лурдес „пука“ со самодоверба, а нејзините бујни облини оставаат без здив, додека ги покажува на урбан, кул начин и нема ни трага од вулгарни пози.

Останати вести од Радио Милева