Радио Милева
Малер за полнолетство

Ќерката на Каја Остојиќ го поминала роденденот во болница: Пејачката минала низ вистинска драма

Ќерката на Каја Остојиќ го поминала роденденот во болница: Пејачката минала низ вистинска драма
фото:каја остојиќ/инстаграм/принтскрин

Српската пејачка Каја Остојиќ изјави дека неодамна поминала низ вистинска драма, кога нејзината ќерка Николина завршила во болница.

Како што изјави пејачката, Николина добила мононуклеоза, поради што била хоспитализирана.

– Имавме тежок малер. Таа беше во болница за нејзиниот 18 роденден. Таа имаше мононуклеоза. Мислевме дека е настинка. Вечерта пред нејзиниот роденден, ме фати паника и ја однесов на лекар. Преживеав пекол таму. Три дена беше во болница, а кога излезе поминавме убаво време заедно дома и секогаш ни е убаво – рече Каја во емисијата „Викенд специјал“, додавајќи дека не би сакала да пее нејзината ќерка како неа и да ја наследи во поглед на кариерата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by K A Y A (@kaya_ostojic) on

– Не би сакала таа да ги следи моите стапки, но би сакал да ги има моите одлики во некои проблематични работи. Сигурна сум дека ќе биде на мене. Таа е убава девојка и многу сум горда на неа. Сите се шокирани што јас сум мајка, а таа ќерка. Таа се роди од таква грешка, но би сакала да почека малку со потомство- рече пејачката, која ја доби Николина многу мала, во првиот брак со Никола Драгојловиќ.

Останати вести од Радио Милева