Радио Милева

Ќерката на Есма Реџепова влегува во „Задруга 3“

Ќерката на Есма Реџепова влегува во „Задруга 3“
фото: фејсбук

Третата сезона на реалното шоу „Задруга 3“ започнува утре. Иако во строга тајност се кријат дел од имињата на учесниците, позната е информацијата дека во реалното шоу влегува и ќерката на почината кралица на ромската музика, Есма Реџепова.

Елеонора Мустафовска пред само неколку месеци заплива во музичките води и ја објави својата прва песна. Таа на естрадната сцена е позната под името Малиша.

Поради строги правила на договорот, Елеонора остана местириозна за реалното шоу, но потенцираше што може да очекуваат луѓето доколку се најде во вакво шоу.

фото: Инстаграм

„Реалити е одличен маркетиншки трик. Луѓето ќе запознаат една искрена, диреткна и своја Малиша, која знае што сака во животот“ изјави Елеонора.

Инаку, Есма  ја запознала во 2002 година на аудиција кога Есма барала музичка наследничка.

Освен Елеонора, во реалното шоу „Задруга 3“ велгува и Дарко Спејко.

Останати вести од Радио Милева