Радио Милева

Ќерката на Драгана Мирковиќ го добила името по пејачката од оваа позната група

Ќерката на Драгана Мирковиќ го добила името по пејачката од оваа позната група
фото: принтскрин

Драгана Мирковиќ името на својата ќерка Мануела го дала по пејачката од групата „Твинс“, Мануела Ѓуровиќ која заедно со братот беа познати во текот на 90тите и почетокот на 2000та.

Мирковиќ била фасцинирана од добрината на пејачката Мануела, па така одлучила на својата ќерка да го даде името по неа.

фото: Промо

Кога Драгана била во поодиминаа бремност, убавите вести ги соопштила на пејачката од „Твинс“ која била изненадена од оваа одлука.

„Малку сум изненадена што ја имате таа информација“ изјави Мануела за ало.рс и откри како изгледало нејзиното дружење со Драгана.

фото: Принтскрин

„Тие години ние многу се дружевме со Драгана. Имавме заеднички турнеии низ Босна. Групата „Твинс“ беше гост на нејзината турнеја и така се продлабочи нашето пријателство со Драгана. Кога беше бремена по вторпат, ја посетивме во Виена, беше во осмиот месец од бремноста. Ја прашав дали размилувала за името и ми кажа дека има две имиња во опција, но дотогаш не беше сигурна кое име ќе го даде на бебето. Ете, јас придонесов да се одлучи за името Мануела“, вели пејачката на група „Твинс“.

Драгана во 2002 година ја роди Мануела, а две години порано го роди синот Марко.

Останати вести од Радио Милева