Радио Милева

Ќерката на Деми Мур во емотивна објава откри дека 3 години не зборувала со својата мајка

Ќерката на Деми Мур во емотивна објава откри дека 3 години не зборувала со својата мајка
фото: принтскрин/инстаграм

По повод „Денот на мајката“ ќерката на поранешниот пар Деми Мур и Брус Вилис, Татула објави фотографија со актерката и се потсети на периодот кога не разговараа.

До влошување на нивниот однос дојде кога Деми Мур се обидуваше да добие дете со тогашниот сопруг, актерот Ештон Кучер. Меѓутоа, за актерката тоа беше ужасен период затоа што бременоста заврши трагично.

Татула на овој посебен ден за сите мајки се обрати со емотивна порака на својата мајка.

фото: Принтскрин/инстаграм

„Не зборвував со мајка ми речиси 3 години. Се сеќавам дека се возев кон работа кога на радио слушнав весела реклама – Парфем кој секоја мајка ќе го обожава. Тоа беше многу тежок период“, напиша ќерката на актерката.

„Како и да е мојата приказна се промени. Во текот на растењето сфатив дека треба да имам повеќе разбирање за мајка ми и способност да простам. Три години ми се претворија во вечност. Доколку ме познавате знаете колку ми значи мојата мајка. Често се прашувам каков однос би изградиле да ја запознаев 26 годишната Деми. Сигурно би се смееле“, додава.

фото: Инстаграм/бууски

„Уживам во она која си Деми Мур и уживам во тоа што се обидуваш да ме научиш. Секој твој совет вреди. Те сакам“ заврши најмладата ќерка на Деми Мур.

Бурс Вилил и Деми Мур важеа за златен пар во Холивуд, а од бракот имаат три деца – Румер, Скаут Лару и Татула Бел.

 

Останати вести од Радио Милева