Радио Милева
ужива покрај океанот...

Ќерката на Цеца среде ковид пандемија ја напушти Србија: За Анастасија не важи корона ситуација, па замина на егзотична дестинација (ФОТО)

Ќерката на Цеца среде ковид пандемија ја напушти Србија: За Анастасија не важи корона ситуација, па замина на егзотична дестинација (ФОТО)

Анастасија Ражнатовиќ, пејачка и ќерка на фолк дивата Цеца Ражнатовиќ, е постојано активна на социјалните мрежи. Таа редовно привлекува големо внимание со своите објави, па така беше и овој пат.

Имено, Анастасија обзнани дека ги спакува куферите и ја напушти Србија, додека сите ја коментираат  локацијата на која заминала, а која сè уште никому не му е позната, зашто Анастасија не ја објави, односно не објасни каде се наоѓа.

Сепак едно е сигурно: ќерката на Цеца реши да отпатува во потоплите караеви, а своите следбеници на Инстаграм ги почести со неколку видеа и фотографии од егзотичната дестинација.

При тоа не пропушти да се пофали и изрекламира и новите бикини на себе.

Таму очигледно е лето и е многу потопло отколку дома, па Анастасија се пофали како преку ден ужива во убавините на сонцето, песочната плажа и тиркизно-проѕирната вода на океанот.

Вечерите се пак резервирани за забава со звуците на егзотичната музика во ноќниот клуб…

Дали се во прашање, Малдиви, Барбадос, Занзибар, Куба или некоја сосема друга егзотична дестинација и дали таму ќе се соочи со корона ситуација… наскоро ќе дознаеме!

Останати вести од Радио Милева