Радио Милева
роденденска ВИП забава

Ќерката на Цеца славеше роденден: Еве кој се’ дојде да и честита на Анастасија и како изгледаше славеничката атмосфера (ФОТО)

Ќерката на Цеца славеше роденден: Еве кој се’ дојде да и честита на Анастасија и како изгледаше славеничката атмосфера (ФОТО)

Пејачката Анастасија Ражнатовиќ вчера, 25 мај 2021 го прославува својот 23-ти роденден во еден белградски ресторан, каде ги собра своите најблиски роднини и пријатели.

Анастасија се појави во краток жолт фустан, сите погледи беа свртени кон неа. Покрај членовите на нејзиното семејство, мајката Цеца со момчето Богдан, братот Вељко и санаат Богдана,  на прославата се појавија и бројни познати гости.

 

Александра Младеновиќ, Александра Пријовиќ, Филип Живојиновиќ, Виктор Живојиновиќ, Жика Јакшиќ, Вики Миљковиќ…  се само некои од имињата што ја увеличија роденденската прослава на ќерката на Цеца.

Кумата, познатата пејачка и членка на жирито на „Ѕвездите на Гранд“,  Вики Миљковиќ, на својот Инстаграм профил сподели видео и фотографии кое Анастасија ги дува свеќите од роденденската торта.

 

На нив, како и на оние што ги споделила самата славеничка на своите Инстаграм приказни, се забележува  одличната и весела атмосфера.

Гости кои се задоволни и уживаат во забавата, а Анастасија сакана, гушкана и бакнувана од нејзиниот избраник Ѓорѓе, додека стои пред тортата и се забавува.

Фото: Инстаграм принтскрин/raznatovicanastasija/viki_miljkovic

 

Останати вести од Радио Милева