Радио Милева
мајка и ќерка како две другарки

Ќерката на Цеца ја отвори душата: Анастасија каква што (не) ја познавате (ФОТО)

Ќерката на Цеца ја отвори душата: Анастасија каква што (не) ја познавате (ФОТО)

Анастасија и Цеца се повеќе како две сестри, отколку како мајка и ќерка. Анастасија не крие ништо од нејзината мајка, која секогаш има увид во љубовни избори на своите деца и ги поддржува во сè. Иако Цеца во неколку наврати изјави дека нема преголема желба нејзината мезимица да се омажи толку млада, туку да го стори тоа во моментот кога мисли дека е најдобро за неа.

Анастасија дефинитивно се согласува со нејзината мајка и открива дека прво сака да се реализира на професионално поле, а дури потоа да се мажи.

Стилот и вкусот Анастасија го наследила од нејзината мајка, и таа уште како мала ја пробувала мајчината облека, а кога пораснала обратно – Цеца почнала да зема парчиња облека од својата ќерка.

На возраст од деветнаесет години ќе се појави на една од страниците на магазинот „Вог“ кој важи за своевидна модна библија. Пред еден месец, за прв пат настапи пред повеќе од десет илјади луѓе на концертот на Цеца во Минхен, каде што таа и нејзината мајка заедно пееја неколку големи хитови.

Таа никогаш не била против и ја почитувала желбата на Цеца да најде некој со кој ќе се омажи.


Би сакал мајка ми да се омажи! Таа е жена од крв и месо. Заслужува внимание, љубов и нежност… Најмногу од сè на светот би сакал да најде  некого покрај когоќе биде емотивно среќна“ – вели Анасттасија.

Кога не е на факултет, таа поминува време со пријателите. Признава дека во кујната, не се снаоѓа баш  добро.

„Не знам, буквално не знам ништо да готвам. Тоа ми е голем минус“ – искрена е ќерката на фолк дивата.

Брат и Вељко често им се придружува во ноќните излегувања, а двајцата секогаш со гордост велат дека сакаат да се прошетаат со својата мајка по градот.

Извор: Блиц.рс

Фото: Дејан Миличевиќ