Радио Милева
ја шокираше јавноста, ама и мама

Ќерката на бугарската пејачка Анелија изјави дека Преслава, заради која мајка и се разведе со бившиот маж и е омилена пејачка!? (ФОТО)

Ќерката на бугарската пејачка Анелија изјави дека Преслава, заради која мајка и се разведе со бившиот маж и е омилена пејачка!? (ФОТО)

Ќерката на пејачката Анелија ја шокираше јавноста кога го откри името на нејзината омилена пејачка. Ивон Динева рече дека тоа не е нејзина мајка, туку Преслава и е омилена како фолк изведувач.

На нејзините следбеници на Инсаграм, тинејџерката им  ја соопшти оваа вест, без да размисли дека на овој начин може да ја навреди мајка си, пишува “Бугарија денес”.

Не е познато дали Ивон и Преслава се познаваат. Но, интересно е тоа што Анелија и Преслава се поврзани со ист човек – Коко Динев, познат бугарски бизнисмен.

Анелија се раздели со Динев кратко време по неговите афери со неколку нејзини колешки, кои протекоа во јавноста. Но, таа не и се налути на Преслава за нивниот флерт.

“Не можам да и се лутам на  Преслава за оваа афера. Во тоа време, таа сѐ уште беше слободна, немажена жена“ –  рече Анелија за љубовните авантури на бившиот нејзин сопруг со колешката.

Извор: Новини.бг

Останати вести од Радио Милева