Радио Милева

Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит наполни 14 години и се уште сака да биде машко, а експертите ќе и помогнат во тоа (фото)

Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит наполни 14 години и се уште сака да биде машко, а експертите ќе и помогнат во тоа (фото)
фото:Profimedia, AKM-GSI

Децата на славните секогаш се во центарот на вниманието, особено кога тие се наследници на славните Анџелина Џоли и Бред Пит.

Уште откако се роди нивната прва ќерка Шајло, јавноста и медиумите со голема љубопитност сакаа да ја видат и запознаат.

Кога тоа се случи, сите заклучија дека детето е спој од убавината на родителите. Помина повеќе од една деценија откако се роди нивната наследничка, но сега во фокусот е нејзината родова определба.

Шајло Џоли Пит го прославува својот 14-ти роденден – таа е родена на 27 мај 2006 година во градот Свакопмунд, Намибија.

Шајло е најстарото биолошко дете на поранешниот брачен пар Бред Пит и Анџелина Џоли. Таа е совршена мешавина од своите славни родители со својата руса коса и светлосините очи. Позната е по “tomboy” стилот и родовата неутралност, а кружат гласини дека е трансродна уште од нејзината втора година.

фото:Profimedia, AKM-GSI

Иако Анџелина и Бред никогаш не го потврдиле тоа, тие целосно ги поддржуваат своите деца. Шајло денеска го прославува нејзиниот 14-ти роденден, а нејзината животна приказна е веќе една од најинтересните приказни на славните деца.

Таа уште како мала барала да и се обраќаат во машки род, но родителите претпоставувале дека тоа е затоа што има постари браќа. Барала да ја викаат Џон или Питер, типични машки имиња, што Бред го потврди во интервјуто со Опра Винфри. Сепак, тоа не бил само детски хир бидејќи Шајло со години има кратка коса и носи широка облека каква што инаку бираат момчињата, а тоа го потврдуваат и мноштвото папарацо фотографии.

фото: Profimedia, AKM-GSI

Наводно, откако наполнила 11 години, Шајло посетила експерт кој и препорачал хормонална терапија и советување за кои смета дека ќе  помогнат да стане момче. На хормоналната терапија секогаш и претходи операција за промена на полот, така што се очекува тоа да се случи за неколку години.

Бред Пит и Анџелина Џоли се уште јавно не се огласиле на оваа тема, но никој не се сомнева дека тие ќе ѝ се спротивстават на одлуката која ја донела нивната ќерка.

Останати вести од Радио Милева