Радио Милева

Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит го напушта домот, таа е незадоволна од односот на семејството

Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит го напушта домот, таа е незадоволна од односот на семејството
ФОТО:PROFIMEDIA, AKM-GSI

14-годишната ќерка на актерите Анџелина Џоли и Бред Пит,Шилох сака да го напушти домот.

Шилох повеќе не сака да живее со својата мајка и се преселува кај нејзините баба и дедо. Имено, според најновите пишувања на магазинот „New Idea“, Шилох наскоро се сели.

Како неименуван извор откри за споменатите медиуми, таа е уморна од тоа да игра миротворец на сопствените родители кои дури четири години по разводот сè уште не се согласиле на старателство над нивните шест заеднички деца. Поради ова, Шилох реши да живее со нејзините баба и дедо, родители на нејзиниот татко во Спрингфилд, Мисури.

ФОТО: PROFIMEDIA, AKM-GSI

„Шилох копнее по нормален живот, а нејзините баба и дедо се добри христијани и сигурно ќе ја прифатат со отворени раце. На неа и треба силна рака во воспитувањето и тие ќе ја имаат “, рече изворот, додавајќи дека на Анџелина воопшто не и се допаѓа идејата, но дека Бред ја поддржува затоа што верува дека 14-годишната Шилох барем треба да добие шанса да ги помине летните одмори кај нејзините баба и дедо.

Останати вести од Радио Милева