Радио Милева

Ќерката идна балерина, а синот фудбалер: Ова се наследниците на ТВ водителката Искра Канзурова (фото)

Ќерката идна балерина, а синот фудбалер: Ова се наследниците на ТВ водителката Искра Канзурова (фото)
фото:фејсбук/искра

„Добар ден, секој ден“, на Алфа телевизија е проектот со кој познатата телевизиска водителка Искра Канзурова по неколкугодишна пауза повторно се врати на истата фреквенција.

Гледачите секој ден имаат прилика да ја гледаат насмеаната и харизматична Искра заедно со колешките Ирена, Анкица и Ивана. Професионално исполнета и задоволна, а ист е слулчајот и на приватен план.

фото:фејсбук/искра

Матеа и Меглен се најзините наследници кои се секојдневна инспирација и мотивација во животот.

Синот и ќерката немаат афинитети како мама за на телевизија, но затоа Матеа сака да биде балерина, а Меглен фудбалер.

фото:принтскрин/женски магазин

-Матеа наполни 11 години, талентирана е за балет, оди во нижо балетско училиште. Многу сум горда на неа, играше во претставата „Кавалериа Рустикана“ во МОБ. Горда сум и на Меглен, тој наполни девет години, тренира фудбал во „Вардар“. Не пропушта ниту еден поважен фудбалски натпревар, раскажа Искра за „Женски магазин“ и во свој стил духовито одговори како се организираат околу обврските со децата.

фото:фејсбук/искра

-Дома ми е весело. Единствен проблем сега ми е што децата ми се во различна смена. И потребна е организација да не заборавиме некое дете надвор, хахаха. Навечер се пребројуваме, и ако се сите на број, можеме во кревет, хахаха“. завршува водителката.

Останати вести од Радио Милева