Радио Милева

„Ќе те лижам 24 часа“: Мелита проговори за своите експлицитни фотографии, но и дека најиритирана е од пораките каде мажи и се фалат со половиот орган!

„Ќе те лижам 24 часа“: Мелита проговори за своите експлицитни фотографии, но и дека најиритирана е од пораките каде мажи и се фалат со половиот орган!
фото:мелита ракиќевиќ/инстаграм

Голем дел од јавните личности досега се одлучиле преку социјалната мрежа Инстаграм да комуницираат со своите обожаватели и следбеници и да одговараат на нивните прашања.

Мелита Ракиќевиќ за првпат се одлучи на ваков потег, кој буквално ја чинеше тоа што цел ден остана со мобилниот во рацете.

Таа не беше резервирана ниту на провокативните прашања кои ги доби во доста голем број. Следбениците успеаја да добијат одговор на своите дилеми поврзани со неа, а Мелита како од „пушка“ имаше одговор на сè!

фото:мелита/инстаграм

Па така, таа откри доста интересни детали од приватноста за кои досега многупати се шпекулираше и пишуваше во домашните медиуми. Меѓу прашањата поврзани со негата и убавината, преовладуваа оние провокативните за љубовниот живот, сексот, изборот на помлад партнер, дали е во врска моментално и многу други…

Селекција на комплиментите, понудите и прашањата речиси да немаше, а еден обожавател и порача дека би ја лижел 24 часа на што таа имаше ваков одговор:

-А ти си фемомен. 24 часа ОМГ! Што се ќе прочитам!- возврати Мелита.

Не беше заобиколено ниту прашањето за нејзините експлицитни фотографии кои се појавија во јавност, а за кои таа вели дека се нејзината најголема животна грешка.

-Мојата најголема животна грешка. Во моменти на љубов, страст, доверба, се прави ова, а чини прескапо! – вели таа присетувајќио се на периодот кога во јавност се појавија фотографиите каде е гола.

Една обожавателка или обожавател и поласка со фактот дека момците мастурбираат на неа, па праша кој е нејзиниот коментар?

-Секој си го наоѓа својот начин да се задоволи. Молба само не ми ги сликајте вашите полови органи, одма ве блокирам, возврати одлучно за оние храбрите.

Љубовната врска за која последно памети јавноста е со помладиот тогашен партнер Виктор, па токму за врската меѓу повозрасна жена и помлад, Мелита има вакво гледиште:

-Апсолутно ок. Имам искуство со голема ралика во години и никогаш не биле проблем. Љубовта ја уништуваат само лаги и превари, заклучува водена по сопствено искуство.

Прашања имаше многу… Мелита кажа и дека никогаш не би се сончала гола на нудистичка плажа, сега е слободна и нема партнер, но и дека за добра сума на пари би прифатила улога во еротски филм.

 

 

 

 

Останати вести од Радио Милева