Радио Милева

Ќе стигне ли до финале? Уште една македонска кандидатка се враќа во „Ѕвездите на Гранд“

Ќе стигне ли до финале? Уште една македонска кандидатка се враќа во „Ѕвездите на Гранд“

Секоја сабота се емитува регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“  каде оваа сезона има многу претставници од Македонија.

Некои од нив имавме прилика да ги гледаме и претходните сезони, а некои нови кои ќе се обидат да градат кариера.

Досега имавме прилика да ги гледаме настапите на Огнен Здравкоски, Мартинијан Кириловски, Адам Лабунски, но наскоро во новите емисии ќе имаме прилика да ги гледаме и изведбите на Стефан Величковски и Елена Миленковска кои исто така не се појавуваат првпат на сцената на „Гранд“.

Елена на својот „Фејсбук“ профил споделија фотографија и се пофали дека го поминала првиот круг.

Со кои песни се претставила и кого одбрала за ментор останува да ги следиме емисиите, а ние ќе бидеме тука да ве известиме.

Од друга страна, естрадниот магазин „Бекстејџ“ деновиве присуствува во Белград и на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“.

Во кратките приказни на „Инстаграм“ тие споделија атмосфера од снимањето на интервјуа со водителите на емисијата, Сања Кужет и Воја Недељковиќ, но и со Марија Шерифовиќ која е член на жирито и ментор на Огнен Здравкоски и Адам Лабунски.

foto: printscreen

Останати вести од Радио Милева