Радио Милева

Ќе стане татко за првпат: Дарко Илиевски го откри полот на бебето (фото)

Ќе стане татко за првпат: Дарко Илиевски го откри полот на бебето (фото)
фото: принтскрин/инстаграм/даркоилиевски

Македонскиот поп-пејач Дарко Илиевски  со сопругата Ивана со која се венчаа во октомври 2016 година се пресели на Флорида, САД.

Дарко и неговата сопруга уживаат на Флорида, а деновиве имаат уште еден повод за славење. Далеку од границите на Македонија, Дарко и Ивана уживаат во заедничкиот живот и во рајот што го нуди Флорида.

Иако додека беа во врска не се знаеше многу за нивниот љубовен живот, сепка Илиевски сега сподели убави ввести.

Имено, Илиевски на својот „Инстаграм“ сподели радосни вести, односно тој и Ивана ќе станат родители.

фото: Принтскрин/инстаграм/даркоилиевски

Објавувајќи фотографија со Ивана во поодимента бременост, Дарко се пофали дека ќе добие син.

„Најубавото чувство на светот е кога ќе гледам како  секој ден растеш. Растеш едно мало човече кое ќе биде наш наследник, плод на нашата љубов. Прво, па машко. Ве сакам срциња мои“ напиша Илиевски во описот на фотографијата.

фото: Принтскрин/инстаграм/даркоилиевски

Под објавата се нижеа само честитки и убави желби за парот.