Радио Милева

Ќе се стопите: Принцот Хари уште кога ја запознал Меган ја покажал неговата романтична страна подарувајќи и уникатен подарок (ФОТО)

Ќе се стопите: Принцот Хари уште кога ја запознал Меган ја покажал неговата романтична страна подарувајќи и уникатен подарок (ФОТО)

Изгледа дека љубовната приказна на принцот Хари и Меган Маркл е како во бајките.

Освен што тој е вистински принц, изгледа дека е и многу романтичен, ако судиме според подарокот кој ѝ го дал на својата сегашна сопруга, уште на почетокот на врската.

Како што пренесува магазинот “People”, Хари на почетокот на врската ѝ подарил слика на својата сакана, на која на едната страна имало нацртан заљубен пар кој се држи за раце, а од другата страна испишано текст “Everybody Need Somebody To Love”, што во превод би значело “Секому му е потребен некој кој ќе го сака”.

Сликата е дело на британскиот уметник Ван Дона, а дека Хари го купил за Меган, сега за “People” открил колекционерот на уметнички дела, кој наводно му ја продал во октомври, 2016-та година.

“Хари често ги посетува моите галерии, а кога ја купи оваа слика, рече дека бара нешто за една “многу посебна личност” “, се присетува колекционерот, а се претпоставува дека принцот за овој поклон издвоил и неколку илјади фунти.