Радио Милева

Ќе се наежите: Тамара Тодевска ја сними акустичната верзија на „Proud“ – ова се коментарите (видео)

Ќе се наежите: Тамара Тодевска ја сними акустичната верзија на „Proud“ – ова се коментарите (видео)
фото: Принтскрин/инстаграм/тамаратодевска

Се наближува ова годинешното издание на „Евровизија“ кое ќе се одржи во Тел Авив, а наша претставничка ќе биде Тамара Тодевска со песната „Proud“.

Тамара неодамна беше во Тел Авив каде што ја сними разгледницата за евровизиската песна.

Таа откри дека нема да оди на пред евровизиската промотивна турнеја, но и дека секој ден работи со својот тим.

Деновиве, таа гостува по емисии и откри како се подготвува за Евровизија, а за тоа повеќе може да прочитате тука.

фото: Принтскрин/јутуб/тамаратодевска

Откако, Тодевска ја издаде „Proud“, наиде на позитивни коментари од регионот, а песната досега има над 1 милион прегледи.

Тамара истакна дека во Тел Авив ќе пее за нејзинта ќерка Хана.

Тодевска ја сними и акустичната верзија на „Proud“ која се најде на нејзиниот „Јутуб“ канал.

Веднаш под објавата може да се прочитаат позитивни коментари од регионот.

„Ако има правда во светот, Тамара ќе биде во финале. Ова е ремек – дело и твојот глас…Напред Тамара, твојот горд фан од Белгија“:..

фото: Принтскрин/јутуб

„Браво, браво,браво….Љубов од Србија“.

фото: принтскрин/јутуб

„Ја сакам…Многу добро Македонија“, „Овој глас е се“, ова се само дел од коментарите на „Јутуб“.

Тодевска исто така истакна дека на сценографијата работат две Швеѓанки кои максимално го вложуваат својот труд.

Тамара ќе настапува на втората полуфинална вечер, а како ќе не претстави останува да видиме.

фото: принтскрин/јутуб/тамаратодевска

За потсетување, ова не е првпат како Тамара ќе настапува на „Евровизија“.

во 2008 година, Тамара заедно со Врчак и  Адријан Гаџа ја претставуваа Македонија на „Евросонг“ во Белград со песната „Во името на љубовта“.

Во 2004 година беше придружен вокал на Тоше Проески во Истанбул.

Во 2014 година ги отпеја придружните вокали на Тијана Дапчевиќ во Данска.