Радио Милева

Ќе му се исполни ли сонот? По победата на „Макфест“, Мартинијан Кириловски има високи амбиции

Ќе му се исполни ли сонот? По победата на „Макфест“, Мартинијан Кириловски има високи амбиции
фото: фејсбук

Мартинијан Кириловски во претходната сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Грнад“ под менторство на Јелена Карлеуша успеа да стигне до самото финале.

По завршувањето на музичкото шоу, Мартинијан се посвети на својата музичка кариера, а оваа година тој победи и на „Макфест“ со песната „100 пати на ден“.

Деновиве, тој за „Гранд продукција“ ја издаде својата нова песна „Пола света“ која се подготвувала два месеци.

Во интервју за „точка.ком.мк“, Мартинијан проговри за својата музичка кариера, своите успеси, за својот приватен живот, но и за своите амбиции.

На прашањето дали е заљубен и дали има девојка, Кириловски вели:

„Да, во самиот себе. (хахаха…) Се шегувам… Моментално не сум вљубен, единствено што сакам е да сум во присуство на моето семејство, моите другари и пријатели и сите оние кои се трудат да ми пренесат позитивни вибрации. А за вљубување во девојка, тоа си доаѓа кога најмалку ќе очекуваш… Кратко и јасно кажано.. Сè во свое време“.

фото: Принтскрин/јутуб

Тој откри дека за пет години се гледа со неколку хитови и успешен концерт во Македонија и Србија, но откри дека има и високи амбиции односно да ја претставува Македонија на  „Евровизија“.

„За пет години се гледам како поуспешен музичар и пејач со многу хитови и спотови, како за Македонија, така и за Србија и за целиот Балкан за мојата матична продукција „Гранд Продукција“, чиј ексклузивец сум. Секако во тие 5 години го гледам и мојот прв солистички концерт во Скопје и Белград, како и човек кој што успешно ја претставил Македонија на „Евровизија“, вели Мартинјан за точка.ком.мк

фото: Принтскрин/инстаграм/мартинијнкириловски

Мартинијан најави дека сега се подготвува нова летна песна која треба да излезе на лето 2020 година.

Останати вести од Радио Милева