Радио Милева

Ќе има свадбени ѕвона: Ќерката на Сузана Спасовска кажа „да“

Ќе има свадбени ѕвона: Ќерката на Сузана Спасовска кажа „да“

Крајот на 2018та година, ќерката на фолкерката Сузана Спасовска ќе ја памети по нејзината свршувачка.

Имено, Теона Спасовска на својот роденден поточно на 29 декември кажа „да“ и Новата година ја започна како свршеница на нејзиното момче Виктор Велковски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 𝒯. 𝒮𝓅𝒶𝓈𝑜𝓋𝓈𝓀𝒶 (@teonaspasovska) on

Теона го крие својот приватен живот од јавноста, но овојпат својата среќа ја сподели со нејзините пријатели на „Фејсбук“.

„Кажав „да“ на мојот роденден“ напиша Спасовска на социјалните мрежи, а честитки пристигнаа од сите страни.

На Теона и нејзиниот иден сопруг сега и преостануваат да го одредат датумот  на свадбата и да започнат со подготовките на истата.

За потсетување, Теона е дете на Сузана Спасовска од бракот со српскиот менаџер Раде, со кој во почетокот на 90-ите „Сузе – Национале“ беше во емотивна врска, која не траеше долго.

Честитки и се најубаво во заедничкиот живот…

foto: printscreen/facebook