Радио Милева

Ќе има ли победник меѓу нив? Македонските кандидати повторно доминантни во „Ѕвездите на Гранд“

Ќе има ли победник меѓу нив? Македонските кандидати повторно доминантни во „Ѕвездите на Гранд“
фото: фејсбук

Во текот на целата сезона на Ѕвездите на Гранд“ ве известуваме за македонските кандидати кои се натпреваруваат во музичкото шоу.

Според новите правила, секој од нив работи со свој ментор, а тоа се покажа како и одлично, со оглед на тоа што многу македонски кандидати стигнаа до четвртиот односно петиот круг, а од таму ќе треба да се пласираат во финале.

Досега редовно ве информиравме за нивните настапи, подготвувања, коментари на жирито.

Деновиве во „Гранд“ се снимаше четвртиот круг на музичкото шоу, а меѓу нив и нашите Македонци.

Тие повторно доминираа на музичката сцена и помина директно во петиот круг.

Огнен Здравкоски се пофали со својот успех, па останува да го погледнете како се претставил во четвртиот круг.

Кумановецот Мартинијан Кириловски чиј ментор е Јелена Карлеуша исто така помина во петиот круг.

Дарко Дaринос е следниот Македонец кој ќе го гледаме во петиот круг.

„Луѓенца мои поминав во 5ти круг.Среќен сум многу поради тоа. Фала ти Господе“ напиша пејалот.

Елена Миленковска чиј ментор и е Ана Бекута во претходниот круг доминираше на сцената на продукцијата, дури доби и пофалби од Бекута.

Таа овој пат на сцената на Гранд се појави со потополно нов имиџ, а како поминала останува да видиме.

Стефан Величковски кој е  во групата на Вики Миљковиќ досега неколку пати се пофали како вежбаат, а за во четвртиот круг се одлучи за бела комбинација.

Како поминал Величковски останува да видиме.

Како и да е, за разлика од претходните сезони оваа година има најголем број Македонци, па дали некој од нив ќе ја однесе победата и ќе биде втор Македонец кој победил во музичкото шоу останува да видиме.

фото: Принтскрин/инстаграм/фејсбук