Радио Милева

Ќе им биде конкуренција на Сека и Рада: Сузана Гавазова со нови музички предизвици

Ќе им биде конкуренција на Сека и Рада: Сузана Гавазова со нови музички предизвици

Кога станува збор за македонските музички уметници во последните неколку години може да видиме како полека снимаат и се пласираат на срспскиот, но и бугарскиот пазар.

Од друга страна, многу македонски кандидати  се пријавуваат во „Ѕвездите на Гранд“ каде оставаат добар впечаток и со желба да остварат подобар пласман.

Македонската фолкерка Сузана Гавазова веќе подолго време живее во Шведска. Таа често доаѓа во Македонија, а освен времето за одмори го користи и за музички ангажмани и нови музички проекти.

Сузана има нова песна и тоа на српски јазик. За „Вечер“, фолкерката истакна дека наскоро започнува турнеја и промоција на новата на песната по српските телевизии.

Автор на текстот на таа песна е многу познатиот Драган Брајовиќ-Браја, а автор на музиката е Денија Ликс. Песната е феноменална, јас сум презадоволна, особено што текстот е од работилницата на еден од најдобрите српски текстописци, па нема утка, вели Гавазова за „Вечер“.

 

View this post on Instagram

 

📸Zoran Popovski Averel 👄 Meri Bajramovska

A post shared by Suzana (@suzanagavazova) on

Кога станува збор за текстовите на Браја, кој има напишано многу хитови за најпопуларните пејачки меѓу кои Марија Шерифовиќ, Драгана Мирковиќ, сигурно напишал и одлична песна за нашата Сузана.

А дали токму новата песна ќе придонесе Сузи да се најде во конкурентска трка со Сека Алексиќ, Дара Бубамара, Рада Манојловиќ или некоја друга српска пејачка допрва ќе видиме.