Радио Милева
творец на надежта

Ќе го препознаете ли ова девојче, тогаш уште тинејџерка, денес многу повеќе од музичар? (ФОТО)

Ќе го препознаете ли ова девојче, тогаш уште тинејџерка, денес многу повеќе од музичар? (ФОТО)

Старите фотографии се тука за да бидат нашите чувари на времето. Да не потсетуваат на спомените, на годините изминати, на она што некогаш сме биле… Ние или нашите блиски! Оваа фотографија е стара цели 25 години. На не две познати Македонки, Едната многу позната уште тогаш, во таа 1994 година од минатиот век. Македонската кантавторка и актерка Жаклина Стефковска, позната по тогаш својот хит „Писма неотворени“. Денес актерка и музичар која живее на релација Македонија – Хрватска.

Другата до неа младо девојче, тогаш уште тинејџерка на 19 годишна возраст. Рано мажена, тукушто поредена, а денес нејзината 25 годишна ќерка, кога е фотографијава направена имала само 3 месеци. Во тој период речиси апсолутно непозната, пејачка на почетокот на својата кариера, со гитарата на својот татко во рацете на еден настап заедно со Жаклина.

Подоцна оваа тинијџерка ќе стане многу познат музичар, денес афирмирана пејачка, но и многу повеќе од тоа: најголемиот борец за здравјето на жената, предводник на едно цело движење, на невладина организација која и го свртила грбот на политиката и широко им ги отворила своите врати, раширила своите раце на заболените и нивната борба со најопаката болест – канцерот!

Веруваме дека сега вие појаснио како изгледала  Биба Додева на 19-годишна возраст. Дамата која иако денес е позната и призната македонска поп-рок пејачка, е многу повеќе од тоа.

Зашто нејзиниот ангажман преку македонското здружение за борба против ракот „Борка“, чиј основач и прв човек е таа, е многу повеќе од обична невладина организација. Тие се подигачи на свеста и будење на совеста на општеството.

„Борка“ е светла точка во тунелот, подадена рака на надеж, сламка за спас или подобро, остров во океанот на маката која заболените од малигни болести ги задесила.

Ние сакаме да го искорениме тој страв, да ги едуцираме граѓаните и да ја подигнеме нивната свест, преку испраќање на јасна порака до сите дека ракот не смее да се третира како неизлечива болест и да ги охрабриме да се борат за да го победат ракот“ –  стои во нивната порака.

А она 19 годишно девојче од старата фотографија, денес 44 годишната музичка уметница Биба Додева е творецот на таа надеж, иницијаторот на храброста заболените да се соочат и борат за да ја победат опаката болест, а здравите, навреме да вршат превентивни контроли и прегледи.