Радио Милева
братучеди...

Кире Лазаров е во роднинска врска со оваа македонска пејачка

Кире Лазаров е во роднинска врска со оваа македонска пејачка

Роднините и семјството не може да ги бираме, а кога станува збор за семејни односи секогаш треба да ги негуваме.

На македонската естрада меѓу јавните личности има роднини и семејни врски. За некои од нив можеби знаете, за некои можеби не.

Како што пренесува естрадниот магазин „Ексклузив“, најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров е во роднинска врска со Антониа Гиговска.

Кире победува на спортскиот терен, а Антониа учествуваше во „Пинкови ѕвездички“ каде доби многу пофалби за нејзиното пеење.

Кире и Антониа се далечни братучеди, пренесува естрадниот магазин Ексклузив.

Лазаров со своите колеги од репрезентацијата деновиве се наоѓа во Германија каде се игра Светското првенство во ракомет.

Македонија успеа да оствари две победи, но изгуби од хрватската репрезентација.