Радио Милева

Ким Кардашијан воодушевена од роденденскиот подарок од својот сопруг (фото)

Ким Кардашијан воодушевена од роденденскиот подарок од својот сопруг (фото)
фото: Профимедиа

Ким Кардашијан го прослави својот 39 роденден, а како најдобар подарок го одбра оној од својот сопруг.

Старлетата се пофали дека најдобар подарок добила од својот сопруг Кање Вест кој донирал милионска сума во нејзино име во хуманитарни цели.

Претходната година, Вест ја покажа својата романтична страна кога во соба полна со цвеќиња и пееше серенада, но овој пат ги надмина сите очекувања на сопругата.

Имено, Вест донирал еден милион долари во хуманитарни цели во име на Ким Кардашијан, а парите ќе бидат наменети на организацијата за реформа во затвор.

„Добив прекрасни подароци од семејството, но Кање во мое име донираше милион долари на моите најдраги организации кои се бореа за реформите во затворот. Поради тоа сум многу среќна“ напиша Кардашијан на Твитер.

фото: Принтскрин/твитер/кимкардашијан

Останати вести од Радио Милева