Радио Милева

Ким Кардашијан и Канје Вест се разведуваат?!

Ким Кардашијан и Канје Вест се разведуваат?!
фото:ким кардашијан/инстаграм

Медиумите низ светот пишуваат дека познатата двојка Ким Кардашијан и Канје Вест ќе стават крај на својот брак.

Наводно, тие не се во најдобри односи, а несогласувањата се интензивирале поради карантинот.

Според нивните блиски пријатели, 39-годишната ријалити ѕвезда наводно предложила на својот три години постар сопруг да поминат извесно време одделно додека не престанат да важат вонредните мерки.

– Врската помеѓу Ким и Канје во моментов е во криза затоа што парот обично не поминува толку многу време на исто место, бидејќи обајцата имаат многу обврски. Но, Ким не сака развод затоа што бракот со Канје во нејзиното семејство се смета за голем успех, бидејќи од сите Кардашијанки, само таа е во брак – изјавува анонимен извор.

Сега таа објави фотографија по повод роденденот на Канје и го нарече нејзинот крал, веројатно сакајќи да нагласи дека нема ништо од шпекулациите.

 

View this post on Instagram

 

Happy Birthday to my King

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on

Ким и Кање започнаа врска во 2012 година по долго пријателство. Раперот е нејзиниот трет сопруг. Таа за прв пат се омажи за музички продуцент Дејмон Томас во 2000 година, кога имала 19 години. Тој поднел барање за развод три години подоцна, а таа тврди дека тој физички и емотивно ја злоставувал, но и дека цело време била на екстази на свадбата.

Следниот брак беше со Крис Хемфрис, кошаркар во НБА лигата од Њу Џерси Нетс, но бракот траеше само 72 дена. Тие се венчаа во мај 2011 година и се разведоа во септември истата година. Ким стана главна тема на сите озборувања на трач рубриките во целиот свет, па сега рекла дека веќе не може да поднесе да нејзиниот развод да предизвика толку многу медиумска помпа.

Канје и Ким се венчаа на 24 мај 2014 година. За нив се смета дека се едни од најбогатите парови во светот.

Останати вести од Радио Милева