Радио Милева

Ким Кардашијан и Кање Вест на романтична вечера пристигнале во „машина“ од 200 000 евра

Ким Кардашијан и Кање Вест на романтична вечера пристигнале во „машина“ од 200 000 евра
Foto: Tanjug/AP/Invision

Еден од најпопуларните парови, Ким Кардашијан и Кање Вест често знаат да одат на романтична вечера.

Така беше и овој пат кога посетиле  еден ресторан во Калифорнија. Ким била облечена во црвена креација, а Кање се одлучил за поопуштено издание.

foto: profimedia

Меѓутоа, нешто друго било во центарот на вниманието,а тоа е автомобилот со кој пристигнале до ресторанот.

Станува збор за Ламбурџини Урус Суб кој чини околу 200 000 евра. Со автомобилот управувал Кање.

foto: Profimedia

 

За потсетување, Ким и Кање го очекуваат четвртото дете од сурогат мајка.