Радио Милева

Кили ќе стане дедо: Неговата ќерка Јоана се омажи на Еквадор и чека бебе – еве ги невестата и зетот (фото)

Кили ќе стане дедо: Неговата ќерка Јоана се омажи на Еквадор и чека бебе – еве ги невестата и зетот (фото)
фото:фејсбук/јоанадеанпопохристова

Помалата ќерка на актерот Кирил Поп Христов – Кили, Јоана, која ја има во бракот со сопругата Гордана, се омажи на Еквадор.

Веста прва ја објави Гордана, која на својот профил на Фејсбук објави фотографии од чинот на официјалното ставање на потписите и прстените, а патем откри дека тазе брачната двојка наскоро ќе добие бебе.

Се мажи нашето бебе и ќе има бебе, се пофали Гоца во описот на фотографиите за што доби стотици лајкови и коментари со честитки.

Истите фотографии ги објави и Кили, но тој напиша:

-Ете… го доживеав и ова. Соврешено сум пресреќен зашто им ја гледам љубовта како дури и прекипува. Колку е тоа прекрасно кога сакаш и знаеш да сака и сакаш да сакаш. Бебето ќе биде маестрален производ на тоа силно сакање, напиша Кили.

Инаку, сопругата Гордана и ќерката на Кирил Поп Христов, Јоана,  останаа да живеат на Еквадор, а сега веќе и целосно се приврзаа со оваа земја, бидејќи зетот Родригез Сориа Хосе Луис е оттаму.

фото:фејсбук/кирил поп христов/јоанадеанпопхристова/горданадеанпоп христова