Радио Милева
хуманитарка

Кија Коцкар доброволно се пријави да биде волонтер на Црвениот крст (ФОТО)

Кија Коцкар доброволно се пријави да биде волонтер на Црвениот крст (ФОТО)

Кија Коцкар во моментов како и сите други пејач(к)и нема настапи, па решила да го искористи слободното време во хуманитарни цели, пренесува српски Курир.

Спореднивните написи, таа и се јавила на една нејзина пријателка, која е медицинска сестра и ја прашала како може да помогне во оваа ситуација, а таа и советувала да се јави во Црвениот крст и да се распраша. Кога ги повикала, им рекла дека сака да помогне и да биде достапна за се’ што и да треба, а тие и одговориле дека се благодарни за понудата и ќе ја имаат на ум ако пандемијата  достигне поголем обем.

Ова би значело дека Кија би била задолжена да разговара со најстарите сограѓани по телефон, да ги слуша нивните потреби, а постои и можност таа да треба да работи на терен. В

о тој случај, пејачката ќе ги посетува постарите и ќе им ги носи најосновните намирници што претходно би ги купила во маркетот, пишува весникот.