Радио Милева
За ова (ќе) се зборувасо денови

Киа и Луна се залапаа среде емисија: Бившата и актуелната на Слобо разменија сочни бакнежи в уста во „Амиџи шоу“ (ВИДЕО)

Киа и Луна се залапаа среде емисија: Бившата и актуелната на Слобо разменија сочни бакнежи в уста во „Амиџи шоу“ (ВИДЕО)

 Кристина Киа Коцкар и Луна Ѓогани им подготвија на мажите вистинско изненадување во емисијата “Амиџи шоу”. Она што Киа и Луна им го приредија на гледачите, но и на сите останати во студиото, особено на  мажите, ќе се зборува со денови!

Имено, Киа и Луна кон  средината на шоуто, без никаков отпор или предрасуди разменија сочни бакнежи в уста!

Во прашање е се разбира, детската игра “Маза и Луња”, која им ја наметна водителот  Огњен Амиџиќ,  каде што тие  требаа да изедат зашеќерени шпагети.
И она што сите нестрпливо го чекаа се случи неколку секунди подоцна! Луна и Киа, пред два месеци, двете лути љубовни ривалки во „Задруга“, се бакнуваат уста в уста!?
Она што следуваше потоа, беше коментарот што го имаа за Слоба.

“Како Слоба би се чувствувал да го види ова … Фантазија …”  – прокоментира водителот Огњен Амиџиќ.

„Тој не знае да се шегува„ – рече Kиа, а Луна дофрли: “Да,  треба да му го покажете ова.”
Дали на Слоба навистина овој бакнеж ќе му биде прикажан во „Задруга“, останува да се види.

Погледнете како изгледаше овој познат бакнеж, кој ќе влезе во историјата на реалните шоуа: