Радио Милева

Кети Пери се пофали со новата фризура, а фановите и порачаа дека никогаш не изгледала подобро

Кети Пери се пофали со новата фризура, а фановите и порачаа дека никогаш не изгледала подобро
фото: Инстаграм

Познатата пејачка Кети Пери во својата досегашна кариера неколку пати експериментираше со својата коса, Музичката ѕвезда некогаш имаше и кратка коса, се фарбаше во различни бои…

Меѓутоа, Кети на социјалните мрежи сега сподели фотографија од нејзината најнова фризура.

На неа ја гледаме со бранови во косата и со потемна нијанса на влакната – сосема различно од русата боб-фризура, која ја носи во последно време.

фото: Инстаграм

Фотографијата за краток период собра повеќе од 100 000 лајови, а фановите беа воодушевени и порачаа дека никогаш не изгледала подобро.