Радио Милева

Кејт Мидлтон повторно бремена: Војвотката е во четвртиот месец од бременоста?!

Кејт Мидлтон повторно бремена: Војвотката е во четвртиот месец од бременоста?!

Според пишувањата на порталот „ОК“, војвотката Кејт Мидлтон во месец август е видена во пополно издание, поради што се шпекулира за нејзина нова бременост.

Неименуван извор рече дека Кејт и принцот Вилијам биле пресреќни од веста и додале дека војвотката очекувала близнаци. Исто така, принцот, наводно, сака неговата сопруга да биде во мирување колку што е можно, па затоа ја замолил да се повлече од јавноста во седмиот месец од бременоста и да лежи во кревет колку што е можно.

(Photo by Chris Jackson/Getty Images)

Сепак, шпекулациите за бременоста на Кејт се чини дека се невистинити, бидејќи војвотката неодамна се појави на насловната страница на магазинот „People“ заради многуте кралски должности кои ја чекаат.

Инаку, порталот „ОК“ веста за четвртата бременост на војвотката, исто така ја објави по пет месеци откако Кејт го роди својот син, Луис, што не испадна дека е вистина.

Значи, сè уште чекаме …

фото:Chris Jackson/Getty Images)

Останати вести од Радио Милева