Радио Милева

Кејт Мидлтон е како тинејџерка во божиќната модерна комбинација (фото)

Кејт Мидлтон е како тинејџерка во божиќната модерна комбинација (фото)

Војводата и војвотката од Кембриџ ораганизирале божиќно дружење со семејствата на војниците кои Божиќ нема да го поминат дома.

Сите погледи биле упатени кон сопругата на принцот Вилијам која за ова прилика е облечена со стил.

Иако модните критичари некогаш знаат да ја критикуваат, Кејт Мидлтон за оваа прилика одлучи да го носи најполуарниот дезен за оваа сезона.

Војвтоката од Кембриџ носела карирано здолниште на дизајнерката Емилија Викстеад.Комбинацијата ја надополни со високи чизми кои ја нагласија нејзината витка фигура.

Инаку, за да стават крај на шпекулациите дека Кејт Мидлтон и принцот Вилијам не се во добри односи со Меган Маркл и принцот Хари тие одлучиле Божиќ да го поминат заедно.