Радио Милева

Кејт и Вилијам учесници во сообраќајна несреќа – едно лице во критична состојба (фото)

Кејт и Вилијам учесници во сообраќајна несреќа – едно лице во критична состојба (фото)
фото:пиксел

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон се упатиле на церемонијата „Queen for the order od the Garter“ во дворецот Виндзор, кога во текот на возењето на Upper Richmond се случила сообраќајна несреќа во која еден од придружните членови на обезведувањето удрило со моторцикл во 83 годишна старица додека возел во спротивната лента на патот, пишува дејли Мејл.
Жената е хоспитализирана во критична состојба, со напукната карлица и низа други повреди.

-Ја удри со својот мотор и таа падна на тло. Полицаецот беше очаен. Но, беше на погрешна страна од патот. Можеше да биде полошо – рекол еден сведок за Сан.

фото:принтскрин/мејлонлајн

Портпаролот на кралскиот пар рекол дека се „длабоко загрижени и ожалоестени“ и дека се во контакт со семејството на жртвата. Ѝ испратиле цвеќе, а Вилијам и Кејт рекле дека сакаат да ја посетат старицата кога таа ќе биде подготвена.

Останати вести од Радио Милева