Радио Милева
семејна хармонија

Кате и Трајче од „Соната“ јавно ја покажаа ќеркичката: Семејството по прошетката – на пауза… за некого за пиење, за некого за спиење! (ФОТО)

Кате и Трајче од „Соната“ јавно ја покажаа ќеркичката: Семејството по прошетката – на пауза… за некого за пиење, за некого за спиење! (ФОТО)

Пејачката и клавијатуристот на велешката фолк група „Соната“, Катерина Брезева и Трајче Бондиков можеби го држеа македонскиот рекорд меѓу естрадните личности со љубовна врска која, замислете, траеше  цели 18 година!

Откако беа љубовници речиси две децении, годинава во мај решија да станат и сопружници, па ја направија својата венчавка и семејна веселба, откако невестата беше влезена во осмиот месец на бременоста.

Еден месец подоцна откако го го кажаа судбоносното „ДА“, на 24 јуни 2019 да ја добијата својата прва принова. Младите за неполн месец од бракот станаа родители, откако Кате на свет ја донесе малата принцеза, ќеркичката Ана.

И како што долго и умешно ја криеја бременоста на пејачката се’ до венчавката, така Кате и Трајче од  очите јавноста ја криеја и малечката убавица. Некои велат заради суеверие, с’ краја да е,  некој да не ја урочи, други пак, заради тоа што музичката двојка е скромна и не сака многу приватноста јавно да ја експонира…

 

Како и да е и покрај зголемениот број обврски летово, Кате и Трајче најдоа малку време за себе и своето проширено семејство и секако најновиот член во него, па излегоа на прошетка. Убавото време и продолженото лето се како создадени да се излезе надвор од домот, па брачната двојка и нивната ќеркичка го искористија моментот да се прошетаат и уживаат на убавото време.

А, после прошетката време за мала пауза. За некого за спиење, за некого за пиење. Мама – топло кафенце, тато – ладно пивце, а малечката убавица, слатки сништа на отворено во своето креветче на тркалца!  Семејна хармонија во која се’ штима како по ноти, а сите тројца – среќни и задоволни!

 

 

Останати вести од Радио Милева