Радио Милева
слика и прилика на мама

Катарина Остојиќ има само 35 години и ќерка убавица: Како две сестри… (ФОТО)

Катарина Остојиќ има само 35 години и ќерка убавица: Како две сестри… (ФОТО)

Пејачката Катарина Остојиќ неодамна се пофали  со нејзината ќерка Николина и тоа со полно право. За овие две убавици сите би помислиле дека се сестри, и не мајка и ќерка.

Пејачката ќерката  Николина ја доби од бракот со  Никола Драгојловиќ, а по разводот на двојката,  девојчето растеше со помош и поддршка на родителите на катарина,  како и самат што посочи на неколку пати.
15-годишната Николина  оди на училиште во Брисел, каде Каја во моментов живее со сопругот, италијанскиот хаус продуцент и ДЈ – Џуниор Џек. И оваа млада дама е заинтересирана за музиката и не е премногу луда по излегувањето, како што обично е случај со нејзините врсници.

Посветена е на нејзиниот моден блог и е вистинска трендсетерка, како и нејзината мајка, и редовно објавува фотографии од нејзините модни комбинации  на социјални мрежи.

Инаку, на една неодамнешна фотографија објавена од Каја, сите забележаа дека таа е „слика и прилика“ на нејзината мајка и дека гените очигледно го направиле своето.

Можеби веќе не е бебе, но се’ уште е непослушна и размазена” – се пошегува пејачката на сметка на нејзината ќерка.

Коментарите пак на нејзините пријатели беа сосема спротивни.