Радио Милева

Катарина Ивановска потврди дека е повторно бремена и гордо се пофали со новиот живот во себе (фото)

Катарина Ивановска потврди дека е повторно бремена и гордо се пофали со новиот живот во себе (фото)
фото:инсатграм/катаринаивановска

Деновиве во домашните медиуми се појави информација дека атрактивната македонска убавица со интернационална модна кариера, Катарина Ивановска е бремена со второ.

Ваквите објави започнаа откако таа го откажа учеството на неодамна одржаниот Скопскиот маратон, каде трча секоја година.

Сепак, Катарина не се огласи да ги потврди или демантира наводите, се до сега. Имено, убавата манекенка од Израел каде што ја бодреше другарка си Тамара на Евровизија, заедно со саканиот и синчето Вања замина на одмор во Шпанија.

Таму, мама повторно ја покажа својата става од милион долари, но и стомачето со новиот живот кој расте во неа, а со тоа потврди дека повторно ќе стане мајка.

Честитките се редеа во коментарите за фотографиите, а многумина и порачаа лесна бременост, што очигледно дека е така.

За потсетување, Катарина Ивановска синчето Вања го роди во 2017 година на крајот од месец мај, а каков пол ќе биде бебенцето кое доаѓа, ќе биде братче или сестриче за Вања, останува да видиме.

Останати вести од Радио Милева