Радио Милева

Катарина Ивановска ја објави првата фотографија од ќерката

Катарина Ивановска ја објави првата фотографија од ќерката
фото: Принтскрин/инстаграм

Македонскиот модел Катарина Ивановска вчера се породи и на свет ја донесе ќерката Кира.

Овие први вести на социјалните мрежи ги сподели нејзината пријателка, пејачката Тамара Тодевска.

По пристигнувањето на Кира, нејзините најмили и најблиски славеа во кафана, а главна беше повторно Тодевска која ги веселеше присутните во ресторанот.

Катарина на социјалните мрежи ја објави првата фотографија од ќерката, поточно од нејзините мали нозе.

„19.09.2019, бебето Кира“ напиша моделот во описот на фотографијата.

фото: Принтскрин/инстаграм/катаринаивановска

Инаку, неодамна Катарина откри дека ќерката Кира ќе се вика по нејзиниот татко Кире.

За потсетување, Катарина и нејзиниот сопруг Цобе веќе го имаат синот Вања.

Останати вести од Радио Милева