Радио Милева

Каролина и Лозано грмеа „Јако јако“ пред македонската публика (фото)

Каролина и Лозано грмеа „Јако јако“ пред македонската публика (фото)

Во Скопје синоќа се одржа настанот „А1 World of Music“ на кој настапуваа и македонските ѕвезди Влатко Лозаноски и Каролина Гочева.

Влатко пред македонската публика се појави пред 21 часот, а своите фанови ги забавуваше околу  1 час.

Оние најмалите кои беа напред во публиката, но и оние повозрасните уживеа во неговите неговите понови, но и постари хитови како што се „Сонце не ме грее“, „Километри“, „Јако јако“, „Мајко“ итн.

На сцената пред „А1 Арена“ се појави и еден од најдобрите македонски вокали Каролина Гочева, а пред самото појавување на македонската дива имаше и огномет.

Каролина за ова прилика одбра бела свилена кошула со црни панталони.

Пејачката заедно со Македонската филхармонија ја воодушеви публиката која беше дојдена да ја слуша и ја поздрави Каролина со аплауз и овации.

Таа на своите фанови им се заблагодари за присуството, истакна дека уживала во вечерта, па по 1ч пеење се поздрави со публиката до следно дружење.

Главна ѕвезда на вечерта беше Рошин Марфи, поранешната членка на електро составот „Молоко“ и бендот Фенг Шуи.

Останати вести од Радио Милева