Радио Милева

Каролина Гочева секси кума на свадба: Моден погодок како холивудска дива (фото)

Каролина Гочева секси кума на свадба: Моден погодок како холивудска дива (фото)

Летото заврши и календарски настапи есента, но свадбената сезона се уште трае и така интензивно ќе продолжи и следниот месец.

Многумина вљубени годинава си кажаа „да“, а пак други беа во улога на кумови, старосвати, девери/ци…

Пејачката Каролина Гочева и нејзиниот сопруг Михаил Корубн пред неколку дена беа кумови на свадба кај водителката и новинар од „Антена 5“ радио Ана Шутиноска, која се омажи за стоматологот Гордан Лазаревски.

Свадбата била интимна забава за најблиските пријатели и родинини, а Каролина и Михаил покрај невестата и зетот, како кумови секако беа во центарот на веселбата и вниманието.

Каролина како вистинска холивудска дива блесна во црн комбинезон со впечатлива панделка во пределот на градите, дискретна шминка и накит и секако широка насмевка како најубав аксесоар.

 

Sieh dir diesen Beitrag auf Instagram an

 

Тета и Луце на свадба кај @shutinoska и Гоце 👯‍♀️❤️ фото @stefan.rajhl

Ein Beitrag geteilt von Karolina Goceva (@karolinagocheva) am

Со кумовите беше и внуката на Каролина Луција, а фотографијата со тетката и внуката се најде на профилот на популарната пејачка.

Инаку, Ана и Гордан се заедно околу една година, а се свршија во јануари кога тој ја побара за сопруга на семеен ручек.